Љубов

Ја прашала Трпана својата мајка:
- Мамо, може ли да одам со Трпе во кино?
- А кој филм ќе го гледате?
- Некој хорор.
- Е не може, да се уплашиш таму, па да му се доближиш и да се гушкате.
- Може ли тогаш да гледаме некој љубовен?
- Љубовен? Нема шанси, па после да се бацувате во сред кино.
- Добро мамо, а може ли барем да гледаме некој смешен?
- Е тоа може.
И кога се вратила Трпана од кино, мајка и ја прашала како си поминале:
- Па знаеш мамо, да не ме држеше Трпе цело време за дунда, ќе се измочав од смеење!!!

Тој:„Јес!!! Конечно дочекав!“
Таа: Сакаш да си одам?
Тој: Не! Не ни помислив на тоа!
Таа: Дали ме сакаш?
Тој: Секако
Таа: Дали си ме излажал некогаш?
Тој: Не! Зошто воопшто прашуваш!
Таа: Дали сакаш да ме бакнеш?
Тој: Се разбира, уште прашуваш!
Таа: Дали сакаш да ме удриш?
Тој: Нема шанси! Не сум јас таков човек
Таа: Можам ли да ти верувам?

И сега прочитајте го обратно вицот, од долу па нагоре.

Вицотека:

Директорот излегува од работа на пладне… На вилата со секретарката… Виски. Бонбони.
Заеднички туш.
И после… Безумие… Жестоко… Вечерта се враќа дома.
Уморен поглед.
Обичен бакнеж.
И молба кон сопругата:
- Те молам стави ја вечерата, денес се уморив како куче…
Жената оди во кујната.
Кременадли.
Пиво.
Десерт.
Легнуваат во спалната, свети само телевизорот.
Жената вели:
- Цел ден го чекам овој момент… Одвај дочекав да си дојдеш…
И наеднаш - СМС.
Тој скокнува бос, брзо го грабнува телефонот од масата и трча во тоалетот.
Се затвора внатре за да ја прочита пораката на раат:
„Те сакам! Мислиш ли на мене? Колку јако беше денес, колку чувства имаше!
А тој фантастичен оргазам… Таква сласт и задоволство… Не ли е тоа Рајот?“
Тој брзо ја брише пораката.
Си ја поправа пижамата, излегува и си мисли:
„Мора да бидам повнимателен во иднина. Во душата ми е пролет, но не дај боже жена ми да разбере.“
А жената со ладен поглед го чека пред вратата и налутено го прашува:

- Зошто го зема мојот телефон?

Вицотека:

Страници