Инвалидската количка​

Некој човек се начукал во кафана и си седел до фајронт.
Кога веќе почнале да ги гасат светлата, пробал тој да стане од столчето, ама само што застанал, се струполил на земја.
Си рекол тој, ај да ползам до пред врата, воздухот може ќе ме освежи, па да можам до дома да си одам.
Отползел до врата, пробал да застане, ама пак се струполил.
Продолжил да се влечка до дома, пробал уште еднаш да стане пред влезната врата, ама пак не успеал.
На крај дошол до креветот и мртов пијан се струполил на него. Сабајле го разбудила жена му и му се раздрала:
- Ти пак си пиел вчера, а?
- Е, од кај ти сега тоа?
- Се, јавија од кафаната, пак си ја заборавил инвалидската количка​.

Вицотека:

Повеќе од Вицотека



Оди пијаница по главна улица, и застанува да моча. Полицаец го гледа и му вели: - Срам да ви е! Казна 50 евра!... + повеќе

Сите Ние сме граничари, живееме на работ на границата!

Каква љубов, се вљуби до уши во пача од свински уши.

Наставничката го прашува Трпе: - Што е една баба? - Еднина. - А повеќе баби? - Старски дом.